Ќе се обновува пруга во должина од 31 километар

Bez autora
Jan 17 2013

„Инфраструктура“ најави дека деновиве ќе биде објавен тендерот за ремонт на железничката делница од Коридорот 10, меѓу Ногаевци и Неготино, во должина од 31 км. Целта е да се зголеми брзината на движењето на возовите на тој потег, на максимални 120 км на час. Oд 27 критични точки каде што возовите морале да ја намалат брзината на 40 км на час, за 16 месеци се санирани 26. Реконструкцијата на последната делница ќе трае една година и ќе се изведува со средства од ЕБОР. Тие се во рамки на обезбедените 17,6 милиони евра за реконструкција на 55 км од железничкиот коридор 10. Ремонтот ќе се состои од комплетна замена на дотраените дрвени прагови со армирано-бетонски, целосна замена на шините со нови, прочистување на стариот и дополнување со нов толчаник.

Ќе се обновува пруга во должина од 31 километар„Инфраструктура“ најави дека деновиве ќе биде објавен тендерот за ремонт на железничката делница од Коридорот 10, меѓу Ногаевци и Неготино, во должина од 31 км. Целта е да се зголеми брзината на движењето на возовите на тој потег, на максимални 120 км на час.

Како што информира директор на „МЖ - Инфраструктура“, Ирфан Асани, од 27 критични точки каде што возовите морале да ја намалат брзината на 40 км на час, за 16 месеци се санирани 26.

„Реконструкцијата на последната делница ќе трае една година и ќе се изведува со средства од ЕБОР. Тие се во рамки на обезбедените 17,6 милиони евра за реконструкција на 55 км од железничкиот коридор 10“, најави Асани.

Ремонтот ќе се состои од комплетна замена на дотраените дрвени прагови со армирано-бетонски, целосна замена на шините со нови, прочистување на стариот и дополнување со нов толчаник. Со ремонтот ќе се овозможи возење со проектирана брзина од над 100 км на час и зголемување на сигурноста и на квалитетот на превозот. Пругата на тој потег не е реконструирана од 1946 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik